Ракополагање во Европската епархија

На 4 април 2026 година беше отслужена света архијерејска Литургија по повод Лазарева сабота, во градот Крањ, во Словенија, каде за првпат беше извршен чинот на ракополагање во ѓаконски чин. Во ѓаконски чин беше ракоположен Методиј Миткоски. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополит Европски г. Пимен, во сослужение со парохискиот свештеник протојереј отец Митко и отец Дејан од Копер.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1baLgbvKMY/