Ракополагање во Куманово

На 25 јануари 2026 година, во неделата по Богојавление, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм „Свети Никола“, во Куманово.

Пред светата Литургија Митрополитот Григориј го ракопроизведе чтецот Златко Андонов во ипоѓакон, а на Литургијата го ракоположи во ѓаконски чин.

На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: https://koe.mk/novosti/vesti/nedela-po-bogojavlenie-2/