На 25 јули 2024 година, Претседателот на Издавачкиот совет на Руската православна црква, митрополитот Калушко-боровски Климент, имаше средба со раководителот на Издавачкиот оддел на Скопската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, јеромонах Атанасиј (Арсоски).
На средбата присуствуваше главниот уредник на Издателството на Московската патријаршија, епископот Балашихински и Орехово-зуевски Николај.
Митрополитот Климент го запозна претставникот на Македонската православна црква со проектите што ги спроведува Издавачкиот совет, како што се: Патријаршиската книжевна награда, Меѓународниот литературен конкурс за деца и млади „Лето Господово“, издавачкиот конкурс „Просветлување преку книгата“, Ден на православната книга, изложба на книги и форумот „Радоста на словото“, објавувањето на собраните дела на свети Теофан Затворник. Претседателот на Издавачкиот совет зборуваше и за работата на рецензијата на литературата и кодификацијата на акатистите.
Епископот Николај му ги покажа на јеромонахот Атанасиј новите изданија на Издавачката куќа на Московската патријаршија и зборуваше за особеностите на книгоиздателството во Русија.
Отец Атанасиј на архијереите им подари печатени изданија од Издавачкиот оддел на Македонската православна црква: богослужбени книги, периодики, преводи на македонски јазик на изданија од руски автори.
На крајот од средбата во храмот при Издавачкиот совет, Митрополитот Климент раскажа за историјата на Издавачкиот совет и за трудот на Митрополитот Волоколамски Питирим (+2003) за преродбата на издавачката дејност во Руската православна црква.







Извор: https://izdatsovet.ru/news/detail.php?ID=212203&PAGE_NAME=section&SECTION_ID=2238