Во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица, Повардарската епархија соопштува дека со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, од печат излезе реиздание на книгата „Богородично правило“, во издание на Издавачката дејност на епархијата „Св. Ѓорѓи Полошки“.
„’Богородичното правило’ претставува драгоцено молитвено четиво посветено на Пресвета Богородица и на нејзиното непрестајно застапништво пред нејзиниот Син и наш Бог, Господ Исус Христос. Ова молитвено правило, низ вековите, за многумина верници претставува помош и поттик за продлабочување на личниот молитвен живот, за стекнување духовен мир и за приближување кон Бога преку молитвеното застапништво на Божјата Мајка“ – се вели во известувањето од епархијата.
„Пресвета Богородица, со својот живот исполнет со смирение, вера, послушание и љубов, ни покажува како човекот може целосно да се довери на Божјата волја. Нејзиното застапништво е утеха за оние кои страдаат, надеж за оние кои се во искушенија и поттик за сите кои сакаат да живеат во заедница со Бога.“
Книгата можете да се порача од Издавачката дејност на Повардарската епархија на тел: 043 221 231, преку е-пошта: [email protected], или, преку ФБ страната на епархијата.
Извор: https://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3313&Itemid=32
