На 14 јули 2024 година, во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј“ беше отслужена Литургија, на која началствуваше протојереј-ставрофор Јован Милановиќ (ректор на Српската православна богословија „Св. Арсениј“ во Сремски Карловци) во сослужение на јеромонах Атанасиј Арсоски (свештенослужител на манастирот) и на присутниот верен народ.
По прочитаното Евангелие, отец Јован им се обрати на присутните. Меѓу другото, тој нагласи дека во вечниот живот никој не може да оди сам, индивидуално, туку сите заедно, во заедница. Затоа е мошне важно вистинското заедничарење во Христа, на што сме повикани ние, како крстени православни христијани. Завршувајќи ја беседата, отец Јован напомена дека „ако ни е Бог на прво место, тогаш сѐ си е на свое место“.







