Неговото Блаженство Романскиот Патријарх г.г. Даниел испрати порака на сочувство по трагедијата што се случи во неделата во Кочани.
Во пораката упатена до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Патријархот Даниел го изрази своето сочувство до погодените семејства и ги понуди своите молитви за брзо закрепнување на повредените.
Неговото писмо во продолжение го пренесуваме во целост.
„До
Неговото Блаженство Стефан,
Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна МакедонијаВаше Блаженство,
Со длабока тага дознавме за трагичниот настан што се случи утрото во неделата, на 16 март 2025 година, во градот Кочани, Северна Македонија, во кој животот го загубија повеќе од 50 лица, а уште 100 беа повредени.
Во овие моменти на тага за народот на Северна Македонија, го молиме Најмилосрдниот Бог да ги упокои во Неговиот мир и во Неговата љубов душите на загинатите во овој трагичен настан, да им даде брзо закрепнување на повредените и да им дарува утеха на нажалените семејства во светлината на Христовото Воскресение.
Со братска љубов во Исус Христос, нашиот Господ,
† Даниел,
Патријарх на Романската православна црква“
Извор: https://basilica.ro/patriarhul-romaniei-mesaj-tragedia-macedonia-de-nord/