Рождество на Пресвета Богородица – света архијерејска Литургија во Битола

На 21 септември 2026 година, кога светата Православна Црква со духовна радост го прославува Рождеството на Пресвета Богородица и Секогашдева Марија – празникот кој го навестува почетокот на нашето спасение и доаѓањето на Спасителот во светот, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи света Божествена архијерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола.

На митрополитот Петар му сослужуваа протојереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Златко Костовски и Кирил Трајковски, протојерејот Николче Неделковски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски.

За време на Божествената Литургија, митрополитот г. Петар благоволи да ги ракопроизведе во чин чтец чедата Божји Филип Џоковски и Стефан Јовановски, благословувајќи ги за ревносно и достојно служење во светата Христова Црква.

Бројниот верен народ, собран во молитвено заедништво под покровот на Мајката Божја, зеде учество во светата богослужба и се причести со светите и животворни Христови Тајни.

На верниот народ Неговото Високопреосвештенство му се обрати со следната беседа.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Зашто погледна на смирението на Својата слугинка; и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови.“

Овие зборови, браќа и сестри, се однесуваат на денешната славеничка, Мајката Божја – Пресвета Богородица, која се родила од бездетните родители Јоаким и Ана. Тие веќе биле во поодминати години, а немале деца. Во тоа време, кај еврејскиот народ бездетноста се сметала за голем срам, па на оние што немале деца често се гледало како на луѓе кои, поради својата грешност, не го добиле Божјиот благослов да имаат потомство и да го продолжат својот род.

Така, кога еднаш дошле во Божјиот храм за да се помолат и да принесат дар, нивниот дар не бил примен, поради што тие со голема тага се повлекле. Но таа тага не ги оддалечила од Бога. Напротив, тие уште поусрдно и со голема вера Му се молеле на Господа да им подари чедо, ветувајќи дека чедото што ќе го добијат ќе Му го посветат Нему.

И Господ ги слушнал нивните усрдни и горешти молитви. Во нивната старост им подарил чедо – Пресветата Дева Марија, чие раѓање станало извор на голема радост не само за нејзините родители, туку и за целиот човечки род.

И ете, браќа и сестри, раѓањето на Пресвета Богородица е радост за целата вселена, како што пееме и во тропарот на денешниот празник. Токму преку нејзиното раѓање започнува да се навестува избавувањето на светот, зашто од Пресвета Богородица ќе се роди Синот Божји – Оној Кој предвечно се раѓа од Отецот, нашиот Спасител, Господ Исус Христос, воплотениот Логос Божји.

Таа е Онаа Која Му ја дала човечката природа, односно телото што го примил заради нашето спасение. Таа е послушната Дева која со својата послушност ја исправила непослушноста на првата Ева. Ако преку непослушноста на Ева во светот влегле гревот и смртта, преку послушноста на Пресвета Богородица се отворил патот за доаѓањето на Спасителот и за спасението на човечкиот род.

Затоа Светите Отци ја нарекуваат Пресвета Богородица – Новата Ева.

Таа е Светата, која Го измоли Бога да стане Мајка на Синот Божји, Логосот и Спасителот. Таа е Пресвета Богородица, која по своето потекло е од свештеничкиот и царскиот род: преку Света Ана – од родот Аронов, од племето Левиево, а преку Свети Јоаким – од родот Давидов, од племето Јудино.

Ете, браќа и сестри, тоа се луѓето кои не од телесна похота, туку од преголема љубов и желба нивниот род да продолжи и Господ да го отстрани срамот од нив, усрдно Му се молеа на Бога да им подари чедо. И така тие измолија да се роди Мајката Божја – Пресвета Богородица.

Пресвета Богородица е единствената која не направила никаков личен грев. Пресвета Богородица го носела прародителскиот грев наследен од нашите прародители Адам и Ева, сè до моментот кога Архангелот Гаврил ѝ ја соопштил најрадосната вест дека таа ќе Го роди Емануил, што значи „Со нас е Бог“ – Синот Божји, Логосот Божји.

Таа е првата која целосно е осветена, онаа која потполно станала обожена, односно обожена по благодат. Таа е Онаа Која, примајќи Го Христа, нашиот Бог и Спасител, Оној Кој е Животодавец, станала Негова Мајка.

За неа Светите Отци велат дека таа, всушност, е прва после Бога. За неа Свети Никодим Светогорец вели дека после Бога, таа е бог по благодат. Истото тоа го велат и другите Свети Отци, зашто преку неа дојде спасението на човечкиот род, браќа и сестри.

Зашто Пресвета Богородица ќе ни Го роди Синот Божји, Оној Кој предвечно се раѓа од Отецот – Спасителот, Логосот Божји. Таа е Онаа Која Му го подарува телото. Таа е Онаа послушна Дева, која со својата послушност ја поништи непослушноста на првата Ева. Таа е Втората Ева.

Таа е Светата, која Го измоли Бога да стане Мајка на Синот Божји, Логосот и Спасителот. Таа е Пресвета Богородица, која по своето потекло е од свештеничкиот и царскиот род: преку Света Ана – од родот Аронов, од племето Левиево, а преку Свети Јоаким – од родот Давидов, од племето Јудино.

Ете, браќа и сестри, тоа се луѓето кои не од телесна похота, туку од преголема љубов и желба нивниот род да продолжи и Господ да го отстрани срамот од нив, усрдно Му се молеа на Бога да им подари чедо. И така тие измолија да се роди Мајката Божја – Пресвета Богородица.

Пресвета Богородица е единствената која не направила никаков личен грев. Пресвета Богородица го носела прародителскиот грев наследен од нашите прародители Адам и Ева, сè до моментот кога Архангелот Гаврил ѝ ја соопштил најрадосната вест дека таа ќе Го роди Емануил, што значи „Со нас е Бог“ – Синот Божји, Логосот Божји.

Таа е првата која целосно е осветена, онаа која потполно станала обожена, односно обожена по благодат. Таа е Онаа Која, примајќи Го Христа, нашиот Бог и Спасител, Оној Кој е Животодавец, станала Негова Мајка.

За неа Светите Отци велат дека таа, всушност, е прва после Бога. За неа Свети Никодим Светогорец вели дека после Бога, таа е бог по благодат. Истото тоа го велат и другите Свети Отци, зашто преку неа дојде спасението на човечкиот род, браќа и сестри.

Не дека пред тоа не се раѓале деца или дека потоа не се раѓале. Имало премногу и премногу телесни раѓања, но ниту едно духовно раѓање, по падот на нашите прародители, не се случило, зашто луѓето останале духовно неплодни. Никој не можел да го отстрани тој срам, никој не можел да го победи гревот.

Никој не можел да го даде оној одговор што го дала Мајката Божја, кога Архангелот Гаврил ѝ соопштил дека ќе Го роди Синот Божји: „Нека ми биде според зборовите твои“, или, поточно кажано: „Нека биде волјата Божја“.

И токму со нејзината послушност беше уништена непослушноста на првата Ева. Со нејзиното смирение Бог Отецот благоволи Синот, Кој излезе од Неговите прегратки, да се понижи Себеси, да прими обличје на слуга, да стане човек, еднаков на нас луѓето во сè, освен во гревот.

И така, Синот Божји, Единородниот, Вториот Адам, е Оној Кој го избави човечкиот род од гревот и смртта. Но тоа не можеше да се случи, браќа и сестри, без раѓањето на Мајката Божја – Пресвета Богородица.

Затоа ние денес, кога го прославуваме нејзиниот празник, нејзиното свето Раѓање, треба да се потсетиме дека во Црквата прославуваме три свети раѓања. Го прославуваме Раѓањето на Синот Божји, Господ Исус Христос – Рождеството Христово.

Го прославуваме Раѓањето на Мајката Божја – Пресвета Богородица, а го прославуваме и раѓањето на најголемиот роден од жена – светиот славен пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

Овие три раѓања се многу значајни за човечкиот род, но особено Раѓањето на Мајката Божја, заради нејзиното смирение и заради нејзината послушност.

Денес, кога го слушнавме Светото Евангелие, слушнавме како Марта Го примила во својот дом Христа, нашиот Бог и Спасител. Таа Му пристапила и Му рекла: „Господи, зар не Ти е грижа што сестра ми ме остави сама да служам? Кажи ѝ да ми помогне“.

А Христос ѝ одговорил: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи, но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел“.

И навистина, Марија седеше пред нозете на Христа, нашиот Бог и Спасител, и ги слушаше Неговите зборови, Неговото слово, Неговата проповед, и секој збор што излегуваше од Неговата уста го слагаше во своето срце.

Затоа и онаа жена за која слушнавме во Светото Евангелие, кога проповедал Христос, нашиот Бог и Спасител, восхитена од Неговата света проповед, извикала: „Блажена е утробата што Те носела“, а тоа е утробата на Пресвета Богородица, „и градите од кои си се хранел“. На тоа Христос одговорил: „Да, но блажени се и оние што го слушаат и исполнуваат Словото Божјо“, односно Божјите заповеди.

Браќа и сестри, Бога Го љубиме само тогаш кога ги исполнуваме Неговите свети заповеди, како што и Самиот Тој рекол: „Мене Ме љубат оние кои ги исполнуваат Моите заповеди“.

И денес, кога го празнуваме овој голем и спасоносен празник – Раѓањето на Мајката Божја – да си спомнеме дека жената ќе се спаси преку раѓањето на децата, но не само преку телесното раѓање, туку и преку духовното раѓање на децата, односно преку нивното воспитување.

А ние денес, по две илјади години, по два милениума, не можеме да се пофалиме како христијани. Уште од времето на Светиот апостол Павле кај нас, во Македонија, е проповедано Словото Божјо, а до каде стигнавме? Ние станавме повеќе формални христијани, но не и вистински. А да се биде вистински христијанин значи да се биде христијанин по животот и по делата. Ние, браќа и сестри, не сме во доволна мера православни христијани по животот и по делата.

Зашто денес, каде е споредбата со девственоста на Мајката Божја, со нејзината совршена девственост? Каде е чистотата и целомудрието на нејзините родители? Каде е денешната девственост на нашите деца, кога ќе направиме споредба и со оние мајки кои немале деца, и во Стариот и во Новиот Завет, а многу од нив умреле со желба да родат деца?

Но најголемата среќа не е само во раѓањето на децата, без нивното правилно воспитување. Зашто нашата македонска народна поговорка вели: „Оф за деца, оф од деца“. Зошто „оф за деца“? Затоа што, ако не се раѓаат деца, нема кој да го продолжи нашиот православен македонски род, како и родот на другите православни народи.

Но, браќа и сестри, ако се родат многу деца, а не бидат воспитани во духот на нашата света Православна вера и Црква, според учењето на Светото Писмо, Светото Предание и учењето на Светите Отци, и ако тие така не бидат воспитани, тогаш ќе се исполни втората половина од поговорката: „Оф од деца“.

Зашто денес не е мал бројот на оние деца кои, наместо своите родители до последниот нивни здив да ги чуваат и да ги негуваат, ги носат во старечки домови, па дури и повеќе не сакаат да слушнат за нив. Или, пак, гледаат некако да ги измамат, што поскоро да го земат она што им припаѓа од имотот на родителите, а родителите како да сакаат што побрзо да ги нема.

Какво воспитување е тоа?

Браќа и сестри, ние не можеме секогаш да ги обвинуваме децата дека не се добри, затоа што најголемиот удел во нивното воспитување го има токму воспитувањето што им го даваат нивните родители.

Погледнете какво било воспитувањето на Пресвета Богородица. Нејзините родители живееле со онаа вера што ја искажал и праведниот Јов: „Господ даде, Господ зеде“. А тие Му се молеле на Бога: „Господи, дај ни чедо, а ние Тебе ќе Ти го дадеме за возврат чедото што ќе ни го подариш“.

И така, во третата година од раѓањето на Пресвета Богородица, нејзините родители ја однеле во храмот.

Таа во храмот се воспитувала. А сега да се запрашаме: дали нашите православни родители ги носат своите деца во храмовите во неделите и празничните денови? Дали им покажуваат кои се иконите на иконостасот? Дали им објаснуваат Кој е Христос Спасителот, која е Мајката Божја, кој е Свети Јован и кои се другите светители насликани овде, во светиот храм?

А ако не знаат, тогаш нека ги прашаат свештениците. Нека учат од Црквата. Земајте книги благословени од нашата света Православна Црква и учете ги децата, воспитувајте ги.

Без девственоста и чистотата, чиј совршен образ го имаме во Пресвета Богородица, нема спасение за христијанскиот народ, браќа и сестри, освен ако нема искрено и вистинско покајание за направените гревови.

А тоа треба да се случи преку исповедта кај својот парохиски свештеник, кој е духовник на верните во својата парохија.

Браќа и сестри, ќе повториме уште еднаш: раѓања има многу малку и пред нас сериозно се поставува прашањето дали православниот македонски народ ќе продолжи да живее, како и другите православни народи кои не раѓаат доволно деца.

Како што Бог рекол при создавањето на Адам и Ева: „Плодете се и множете се, и наполнете ја земјата“. Но не е потребно само телесно раѓање, туку и духовно раѓање.

Таа неплодност, тоа духовно нераѓање, претставува опасност за опстојувањето на нашиот народ и на нашата Црква. Амин!

Извор: http://www.pppe.mk/2026/rozhdestvo-na-presveta-bogoroditsa-sveta-arhierejska-liturgija-vo-bitola-7/