На 6 октомври 2026 година, Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков го посети манастирот Свето Преображение во Зрзе, во близина на Прилеп. Таму тој се сретна со епископот Хераклејски Климент. На средбата, шефот на руската дипломатска мисија му подари на епископот Климент печатено издание – Православна енциклопедија.
Вработените во Амбасадата положија цвеќе на гробовите на руските подвижници кои живееле во манастирот – игуманиите Ирина и Параскева. Овие гробови се вклучени во списокот на погребни места лоцирани во странство, кои се од историско и меморијално значење за Русија – се вели во известувањето од Руската амбасада.





