Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Рус г.г. Кирил упати честитка до Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, по повод неговиот именден. Во продолжение ова писмо го пренесуваме во целост.
Москва, 09.01.2024
До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски
Ваше Блаженство,
Возљубен собрате и сослужителе пред престолот Божји!
Срдечно Ви го честитам именденот.
Вдахновени од подвигот на верата на Вашиот небесен покровител, Вие ја извршувате високата и одговорна служба на Претстоител што Ви е доверена, грижејќи се за моралниот раст на паството што ви е доверено, за да го зачува „единството на духот преку врската на мирот“ (Еф. 4:3) и во сè да постапува достојно за Бога, Кој нè повика сите нас во Своето Царство и слава (1. Сол. 2:12).
По молитвите на светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан, Милостивиот Господ да ги укрепи Вашите душевни и телесни сили, испраќајќи Ви неоскудевачка помош во понатамошните Првосветителски дејанија за доброто на Православието на македонската земја.
Со братска љубов во Господа,
+Кирил,
Патријарх Московски и на цела Рус