Саем на книгата 2025 година

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе учествува на годинешниот саем на книгата, кој ќе се одржи од 8 до 14 мај 2025 година, во спортската сала „Борис Трајковски“, во Скопје. Македонската Православна Црква на саемот на книгата, кој оваа година се одржува под мотото „Храна за душа“, повторно ќе ја претстави својата издавачка дејност, вклучувајќи духовна литература, теолошки дела, зборници, како и најновите изданија од своите епархиски издавачки куќи, кои ќе бидат достапни по намалени цени.

Саемот на книгата ќе биде отворен за посетителите од 10 до 20 часот секој ден, освен на денот на затворањето кога ќе работи до 18 часот.