Се упокои игуманијата на манастирот Св. Архангели покрај Скопје

Се упокои во Господа игуманијата на манастирот „Св. Архангели Михаил и Гавриил“, во скопско Кучевиште, монахињата Марија (Комненова).

Родена во 1950 година во Кучевиште, а замината во манастир во својата 16 година, се упокои по кратко боледување во раните утрински часови на 6 август 2025 година.

Погребението ќе биде утре, 7 август, во манастирот на светите Архангели. Заупокоената Литургија ќе почне во 9.30 часот, по што ќе биде отслужена погребната служба.