Сеноќно бдение во храмот Света Петка во Мил Парк, Мелбурн, Австралија

На 1 јануари 2026 година, кога го славиме споменот на светиот маченик Бонифациј, свети Григориј (Григентиј) епископ Омиритски, свети Бонифациј Милостив и преподобен Илија Мурмец, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратот Австралиско-Новозеландски г. Петар, во сослужение на протојереите-ставрофори Тоне Гулев и Љупчо Каревски, протојереите Душко Спиркоски и Трајко Мојсов и јереј Александар Николовски, богослужеше сеноќно бдение со Света Архиерејска Литургија во храмот „Света Петка“, во Мил Парк, Мелбурн, Австралија. На богослужбата во чин чтец беше ракопроизведен Михаил Димитриовски.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: https://www.mocdanz.org.au/mk_MK/сеноќно-бдение-во-храмот-света-петка-в/