Сеноќно бдение во Струмица во неделата на свети Григориј Палама

Во втората недела од Велигденските пости, посветена на свети Григориј Палама, во храмот на свети Димитриј Солунски и свети Григориј Палама во Струмица беше отслужено сеноќно бдение со Света Литургија.

Со богослужбата чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со Митрополитот Струмички г. Наум и свештенството од струмичката епархија.

Верниот народ молитвено учествуваше во ова духовно торжество, прославувајќи ја неделата на свети Григориј Палама во духот на постот, молитвата и покајанието – известува Европската епархија.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/182zRNxd29/