Слава на Бигорскиот манастир

Фотографии: bigorski.org.mk

Во недела, на 7 јули / 24 јуни, кога се празнува споменот на Рождеството на светиот Претеча и Крстител Јован, Бигорскиот манастир „Св. Јован Претеча“ ја прослави својата слава.

На навечерието на празникот беше отслужено бдение, а на дента на самиот празник – Света Литургија на која началствуваше игуменот на Бигорскиот манастир, Епископот Антаниски г. Партениј. Му сослужуваа свештеномонасите од манастирот, свештеници од другите епархии на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и свештенослужители од Бугарската православна црква: архимандритот Никанор и свештеникот Симеон.

На крајот на Литургијата беше благословено празничното коливо, а по богослужбата за гостите беше приредена трпеза.