На 24.06.2024 година, вториот ден од празникот на Слегувањете на Светиот Дух – Св. Троица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света архијерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Радовишкото архиерејско намесништво, во храмот „Света Троица“ во Радовиш.
На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а потоа го благослови и пресече празничниот леб.