Со божествена Литургија одбележана 860-годишнината на манастирот „Св. Пантелејмон“ – Нерези

На 9 август 2024 година, денот во кој Црквата ги прославува светиот великомаченик Пантелејмон и светите Седмочисленици: Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, чиноначалствуваше на Света Божествена Литургија во манастирот Нерези, на чијшто прекрасен храм, посветен на светиот великомаченик Пантелејмон, годинава му се навршуваат 860 години од издигнувањето и фрескописувањето. 

На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/nerezi-860-godini-2024/