Соборна света архиерејска Литургија во Пловдив

На 31 мај 2025 година, по повод 1700 години од Првиот Вселенски собор во Никеја и св. ап. Ерма, покровител на градот Пловдив, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по покана од надлежниот архијереј, Митрополитот Пловдивски г. Николај, а со благослов од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, сослужуваше на соборната света архиерејска Литургија, која беше отслужена на плоштадот во градот Пловдив, Бугарија.

На Божествената Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Пловдивски г. Николај, а сослужуваа архијереи и свештенослужители на повеќе помесни Православни Цркви.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/