Неговото Блаженство Архиепископот Тирански и на цела Албанија г.г. Анастасиј испрати писмо со сочувство за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Тимотеј до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Во продолжение ова писмо го пренесуваме во целост.
До
Блаженејшиот Архиепископ Охридски
Господин Стефан
СкопјеБлаженејши брате,
Со длабока тага ја примивме веста за преминувањето кон Господа на нашиот сакан брат, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, кој со љубов, мудрост и смирение му служеше на народот што му беше доверен од Господа.
Изразувајќи го нашето топло сочувство, молиме Господ Исус Христос, Воскреснатиот од мртвите, да ја успокои неговата душа „на место светло, на место блажено, на место мирно.“
Секогаш со братска љубов во Него,
† Анастасиј
Архиепископ Тирански, Драчки и на цела АлбанијаТирана, 28 ноември 2024