До Неговата Светост
Архиепископ Пеќски, Митрополит Белградско-карловачки и
Патријарх Српски г. г. Порфириј
Ваша Светост,
Со голема тага ја примивме жалната вест за несреќата што се случи на 01.11.2024 г. на железничката станица во Нови Сад, каде што по ненадејното рушење на натстрешницата животот трагично го загубија 14 лица, меѓу кои и македонски државјанин, а уште неколкумина беа повредени. Во овие траорни моменти за Вас и за цела Србија, дозволете ми од Свое име, од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и од братскиот македонски народ, да го изразам нашето длабоко сочувство до Вас и до семејствата на трагично постраданите, како и нашето искрено сострадување со сиот српски народ.
Споделувајќи ја со Вашата Светост болката од немилиот настан, заедно со Вас Го молам Семилостивиот Бог, на упокоените Свои чеда да им го дарува Царството Небесно, на нивните роднини и пријатели да им испрати небесна утеха, а на повредените да им дарува поскоро закрепнување.
Со љубов во Христа Господа, Ваш брат и сослужител,
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
г.г. СТЕФАН