Писмо со сочувство за упокојувањето на Митрополитот Тимотеј пристигна од Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при Македонската академија на науките и уметностите.
До
Светиот синод на МПЦ ОА
Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. СтефанВаше Блаженство,
Во овие мигови на длабока тага и жалење, Ве молиме примете го нашето искрено сочувство за смртта на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Упокоениот во Господа митрополит Тимотеј беше искрен пријател и голем поддржувач на ИЦКН „Цветан Грозданов“ при МАНУ, долгогодишен член на Советот на Центарот, покровител на нашата струка и науката, истражувачките проекти, презентацијата и промоцијата на црковното и културно-историското наследство на македонскиот народ и древната Охридска архиепископија на чии традиции беше целосно посветен во своето служење како верен архијереј и архипастир.
Вечен спомен и Царство небесно!
акад. Вера Битракова Грозданова,
раководител на ИЦКН „Цветан Грозданов“ при МАНУпроф. д-р Сашо Цветковски, доп. член
ИЦКН „Цветан Грозданов“ при МАНУ