Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Цетински и Митрополитот Црногорско-Приморски г. Јоаникиј од Српската Православна Црква, по повод трагедијата во Кочани му упати телеграма на сочувство на Високопреосвештениот Митрополит Брегалнички г. Иларион, со следната содржина:
До
Неговото Високопреосвештенство
Митрополитот Брегалнички
Г. ИларионВаше Високопреосвештенство,
Драг во Христа брате Иларионе,
По повод трагедијата што се случи во ноќта помеѓу сабота и недела во Кочани, кога во пожар ги загубија животите педесет и девет млади луѓе, а уште десетици се тешко повредени, примете го нашето искрено сочувство во жалоста.
Се молиме на нашиот Господ Исус Христос, изворот на вечниот Живот, да ги упокои настраданите, на тешко повредените да им дарува брзо исцеление, а Вам лично, на семејствата на загинатите, на Вашето свештенство, на верниците на Вашата епархија и на сите граѓани на Северна Македонија да им подари утеха во овие тешки моменти.
Архиепископ Цетински
Митрополит Црногорско-Приморски
г. Јоаникиј
По повод трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, Митрополитот Црногорско-Приморски г. Јоаникиј испрати сочувство и до Неговата Екселенција г. Зеќир Рамчиловиќ, амбасадор на Македонија во Црна Гора.
Извор: https://mitropolija.com/2025/03/17/saucesce-mitropolita-joanikija-povodom-tragedije-u-kocanima/