Сочувство од Митрополитот Нишки Арсениј од Српската православна црква

Помеѓу писмата со сочувство за упокојувањето на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј е и писмото од Митрополитот Нишки г. Арсениј од Српската православна црква. Содржината на ова писмо ја пренесуваме во целост.

До Неговото Блаженство
Архиепископот Охридски и Македонски
Администратор на Митрополијата Дебарско-Кичевска
Господин Стефан

Скопје

Ваше Блаженство,

По повод упокојувањето во Господа на во блажен спомен Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, му изразуваме најискрено сочувство на Вашето Блаженство, на богољубивото свештенство, на преподобното монаштво и на верниот народ на од Бога спасуваната Митрополија Дебарско-кичевска.

„Таков Првосвештеник ни требаше, свет, незлобив, чист, одделен од грешниците и повисок од небесата” (Евр. 7, 26), пишува и нè поучува светиот Апостол Павле, одредувајќи ја за мерка за Архијерејството добродетелта што се исполнува во Христа. Со оваа мерка драгиот и во блажен спомен Митрополит Тимотеј живееше и делаше, трудејќи се со благ збор и со самопожртвуваност да Му послужи најпрвин на Христа, а потоа и на секоја боготражителска душа од довереното му паство. И живеејќи и служејќи Му на земјата на Христа Господа, тој умира само за да со Него и во Него продолжи вечно да живее. Нека Милосрдниот Господ, Кому Митрополитот Тимотеј Му служеше како „добар и верен слуга“ (Мт. 25, 21), ја насели неговата душа во населбите на праведните, од каде што е отстранета болката, тагата и воздишката.

Митрополит Нишки
Арсениј