Во петок, на 3 јануари 2025 година, по повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, ќе се служи Света Архиерејска Заупокоена Литургија во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник со почеток во 8:45 часот.
На Литургијата молитвено ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архијерејски Синод, а ќе чиноначалствува Епископот Стобиски г. Јаков. По Литургијата ќе се отслужи парастос на гробот.
