Софиската Митрополија на Бугарската Патријаршија на 11 јуни 2025 година објави изјава во врска со отвореното писмо на клирикот на Софиската епархија, архимандритот Никанор, кое беше пренесено во македонските медиуми, а за кое истакнува дека е „напишано и испратено без благослов“ и дека „претставува недозволиво мешање“ и „обид за вршење влијание врз една братска помесна Православна Црква“.
Во изјавата стои дека Софиската Митрополија „категорично се оградува од какви било обиди за мешање во внатрешните работи“ на Македонската Православна Црква.
„Отвореното писмо… потпишано со името на клирик од Софиската епархија – архимандритот Никанор (Мишков), игумен на Црногорскиот манастир ‘Св. Козма и Дамјан‘, на никаков начин не ја обврзува Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија. Писмото е напишано и испратено без благослов и претставува недозволиво мешање во изборниот процес за митрополит и обид за вршење влијание врз една помесна Православна Црква, која ни е братска. Ваквите постапки повеќе им прилегаат на светски политички дејци, отколку на духовници или монаси, од кои верниците очекуваат сосема поинакво однесување“ – се вели во изјавата.
Извор: https://mitropolia-sofia.org/2025/06/11/изявление-от-софийската-света-митроп-2