Соопштение по повод Осветувањето на храмот посветен на светиот великомаченик Мина во с. Сопиште, Скопско

Почитувани верни чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,

По повод Осветувањето на храмот посветен на светиот великомаченик Мина –  с. Сопиште, со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен настан.

Осветувањето ќе го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на 20 септември 2025 година, во 8:30 часот.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sv-mina-sopise-osvet-2025/