Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ја известува јавноста дека, поради здравствени причини и по препорака на лекарите, Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан нема да ја оствари најавената посета на Американско-канадската епархија, а која требаше да се оствари по повод претстојните собирски манифестации на таа наша епархија, чијшто овогодишен домаќин е Црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ во Вилоубрук (Чикаго).
На Архиепископот Стефан, со Божја помош, му посакуваме брзо закрепнување, за да може уште многу лета да раководи со нашата Света Црква.
Од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА
