Соопштение за празникот на св. рамноап. цар Константин и цар. Елена

Утре, на 3.6.2026 г., денот во кој Црквата го прославува споменот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена, а воедно и ден кој претставува прва годишнина од Осветувањето на храмот посветен на овие светители во центарот на Скопје, во него ќе се отслужи Света Архијерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, во сослужение на повеќе архијереи на Македонската Православна Црква. Пречекот на Архиепископот и архијереите е во 8.30 ч., а Светата Литургија ќе  започне во 9.00 ч.

Го повикуваме верниот народ да учествува на ова литургиско торжество.

Извор: https://mpc-spe.mk/vesti-i-nastani/soopshtenija/soopstenie-sv-konstantin-elena/