Сослужение во Манастирот Преподобен Прохор Пчињски – Србија

Во манастирот на Преподобниот Прохор Пчињски во Врање, на 30 и 31 октомври 2024 година, се одржа по трет пат, Светопрохорски монашки собор, како што известивме.

На 1 ноември кога Светата Црква го празнува Светиот Прохор Пчински, се заврши меѓународниот монашкиот собор со Божествена Литургија. На покана на Врањскиот Митрополит Пахомиј од Српската Православна Црква, на Литургијата зема учество и Високопреосвештениот Кумановско-осоговски Митрополит Григориј. Со Светата Литургија началствуваше Ваљевскиот Епископ Исихиј во сослужение на Високопреосвештените Митрополити Кумановско-осоговски г. Григориј и Врањски г. Пахомиј.

По завршувањето на Божествената Литургија верниот народ се причести со светите Христови тајни, а потоа беше прережан славскиот колач.

Извор: https://www.facebook.com/100064275836076/posts/962511082568077/