Сослужување на деветтата недела по Педесетница и Литија во Крушево

На 10 август 2025 година, во деветтата недела по Педесетница, во храмот „Успение на Пресвета Богородица”, во Крушево, беше отслужена света архиерејска Литургија.

На Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, во сослужение на Неговото Преосвештенство викарниот Епископ Дремвитски г. Давид.

На Литургијата, после прочитаното евангелско зачало, беседеше Епископот Дремвитски г. Давид.

На крајот од Литургијата, архијереите разменија кратки благодарствени слова, а по завршувањето на Литургијата беше приредена трпеза за присутните.

Попладнето, во соборниот храм на Крушевско-демирхисарската митрополија „Св. Николај Мирликијски”, во Крушево, беше отслужена Вечерна богослужба на која началствуваше Митрополитот Јован, во молитвено присуство на Епископот Давид.

За време на литијните стихири беше направена свечена Литија низ градот Крушево, која ја предводеше Епископот Давид придружуван од градоначалникот на Крушево и директорката на манифестацијата „10 дена Крушевска република”. На свечената Литија учествуваа свештенослужители, монаштво, многу деца и броен верен народ од Крушево, но и од други епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

На крајот од вечерната, пред насобраниот народ Митрополитот Јован во храмот беседеше за значењето на Литијата.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1B8FdMB2VH/