Во градот Ќустендил – Република Бугарија, на 15 август 2025 година, беше отслужена свечена Божествена Литургија во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица, кој со одлука на Општинскиот совет беше прогласен за официјален празник на општината.
На Патријархот Даниил му се сослужуваа нивните Високопреосвештенства Митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј и Митрополитот Јосиф од Македонската Православна Црква и Неговото Преосвештенство Епископот Исак – втор викар на Софиската Митрополија, свештенство од Ќустендилскиот духовен округ, свештенство од Македонската Православна Црква и од Православната Црква на Чешките Земји и Словачка.
На певницата беа ученици од Софиската духовна семинарија „Свети Јован Рилски“, предводени од Марио Михов, а на Светата Литургија пееше детскиот хор „Свети Серафим Софиски“, со диригентката Анелија Кочева.
Неговата Светост му честиташе на градоначалникот на општина Ќустендил за одлуката празникот на Мајката Божја да се усвои како официјален празник на Ќустендил, а во свое име и во име на жителите на Ќустендил, ја изрази духовната радост од посетата на архијереите на Македонската Православна Црква и им подари икони со ликот на Пресвета Богородица.
По Божествената Литургија на централниот плоштад во градот, Неговата Светост отслужи празничен водосвет, честитајќи им го празникот на жителите на Ќустендил.





















