Сослужување со Бугарскиот патријарх во Ќустендил

На 15 август кога Бугарската Православна Црква го прославува Успението Богородично, Бугарскиот Патријарх г.г. Даниил во Ќустендил, Бугарија, отслужи света архијерејска Литургија во храмот „Успение Богородично“.

На Неговата Светост, му сослужуваа и Високопреосвештените Митрополити Кумановско-осоговски г. Григориј, вомировениот Митрополит г. Јосиф, Браницкиот Епископ г. Пахомиј и Велбужскиот Епископ г. Исак, како и свештенослужители од Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Бугарската Православна Црква.

По Лигургијата, на плоштадот Велбужд, Патријархот Даниил изврши торжествен водосвет и осветување на празничните лебови.