На 8 февруари 2026 година, во Неделата на блудниот син, Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција отслужи света Божествена Литургија во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, високопреподобниот архимандрит Вартоломеј од Митрополијата на Дидимотихо, протопрезвитер-ставрофор Владимир Вукашиновиќ од Српската Православна Црква и свештенството и монаштвото на Струмичката Православна Епархија во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.


















