Сослужување со о. Наум од Валаамскиот манастир

На 2 ноември / 20 октомври 2024 година, саботата на Митровденската задушница, во храмот „Св. Тројца Јерарси“ во Скопје јеромонахот Наум од Руската православна црква сослужуваше на Литургијата, заедно со архимандритот Иринеј од Скопската епархија, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Високопреподобниот о. Наум кој е по потекло од Скопје, веќе 30 години е собрат на Валаамскиот манастир, близу Санкт Петербург.

На крајот на Литургијата о. Иринеј му се заблагодари на о. Наум за сослужувањето на Божествената Литургија, и за благословот во храмот каде што постојано се слуша црковното пеење на Валаамското братство да дојде и да служи јеромонах од овој свет манастир.

По Литургијата беше отслужен помен за покојните.