На 20 јули 2024 година, кога со празнува споменот на светиот пророк Илија според новиот календар, во Благоевградското село Рилци, Бугарија, беше отслужена света архијерејска Литургија на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Неврокопски г. Серафим. Нему му сослужуваа многумина ѓакони и свештеници, а на покана на старешината на храмот, јереј Георги Кацаров, сослужуваа и протојерејот Александар Васев и јеромонахот Висарион (Давчев), од Делчевско–каменичката епархија на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.
Клириците на Делчевско-каменичката епархија му заблагодарија на Митрополитот Серафим за благословот за сослужување како и за соработката со оваа соседна Неврокопска Епархија. Исто така, му пренесоа братољубиви поздрави од Делчевско-каменичкиот епископ г. Марко и покана за заедничко сослужување во Делчевско-каменичката епархија.
По Светата Литургија беше приредена трпеза.






Извор: https://www.facebook.com/61551990174842/posts/122178130430066339/?rdid=KvdjpWPmTEIg5fs8