Сослужување во Бугарија, по повод 1010 години од упокојувањето на цар Самуил

На 5 октомври 2024 година, во националниот парк-музеј „Самуилова крепост“, близу градот Петрич, Р. Бугарија, беше одржана свеченост по повод 1010 години од упокојувањето на цар Самуил.

Беше отслужена панихида од страна на Неговата Светост, Бугарскиот Патријарх и Софиски Митрополит г.г. Даниил, во сослужување со Митрополитот Струмички г. Наум и архијереите на Бугарската православна црква: Митрополитот Неврокопски г. Серафим и Епископот Адријанополски г. Евлогиј, Епископот Браницки г. Пахомиј, Епископот Агатополски г. Јеротеј и свештеници од Неврокопската епархија.

На свеченостите присуствуваше и Претседателот на Р. Бугарија, г. Румен Радев, како и други претставници од општествено-политичкиот живот на државата: народни пратеници, пратеници во Европарламентот, градоначалници, општински советници, претставници на бугарската научна и академска заедница.

Извор: http://mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=8043