Сослужување во Грција

На покана од  Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли г. Дамаскин, викарниот Епископ стобиски г. Јаков присуствуваше на дводневната прослава на празникот на сечесното Успение на Пресвета Богородица, кој воедно е празник на градот Дидимотихо.

Епископот Јаков во предвечерието на празникот и во молитвено присуство на Митрополитот домаќин, началствуваше на вечерната богослужба во храмот „Успение на Пресвета Богородица”, а потоа зеде учество во свечената литија низ градот.

Денес кога православната Црква на Грција го празнува Богородичното Успение, Високопреосвештениот митрополит г. Дамаскин отслужи Божествена Литургија во сослужение на епископот стобиски г. Јаков и свештенството и монаштвото на митрополијата на Дидимотихо и струмичката епархија. Верниот народ се причести со светите Христови тајни.