Неговото Преосвештенство Епископот Дремвитски г. Давид, на 10 ноември, дваесеттата недела по Педесетница началствуваше на светата архијерејска Литургија во градот Виченца, Италија, во храм на Српската православна црква. Нему му сослужуваше надлежниот Епископот швајцарски г. Андреј, кој како архиереј домаќин го покани Епископот Давид на храмовата слава.
После прочитаното Евангелие, пред насобраниот народ беседеше Епископот Давид, а по завршувањето на Литургијата Епископите Давид и Андреј го осветија новиот парохиски центар.