Сослужување во Македонска Каменица

На 8 февруари 2026 година, во Неделата на блудниот син, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, се служеше Божествена Литургија, со која началствуваше Високопреосвештениот митрополит Видински г. Пахомиј од Бугарската Православна Црква, во сослужение на Преосвештениот епископ Делчевско-каменички г. Марко.

На Литургијата сослужуваа и протосингелот Јоаким од Видинската епархија, архијерејскиот  намесник Доситеј од Берковска духовна академија, бројно свештенство од Делчевско-каменичка епархија и протојереј Зоран Брндески од Келн, Германија.

По читањето на Евангелие, митрополитот Пахомиј произнесе пригодна архипастирска беседа, во која ја протолкува евангелската перикопа за блудниот син, во која помеѓу другото истакна  дека гордоста е главната причина за сите духовни падови, затоа во овој подготвителен период треба, секој од нас да се преиспита и да се преуми, бидејќи без смирение и покајание, постот и молитвата би биле залудни.

За време на Литургијата верниот народ ги прими Божествени Дарови.

На крајот епископот г. Марко со избрани зборови, се заблагодари на митрополитот Пахомиј за покажаната жртва и во знак на благодарност му подари панагии, а Митрополитот возврати за искажаната братска љубов подари му икона со ликот на свети Јован Рилски.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/183x3hm71v/