На 3 ноември 2024 година, во 19-та недела по Педесетница, а по повод празникот посветен на преподобниот Иларион Мегленски и светиот Иларион Велики, на покана на Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, на Божествената Литургија началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован.
Богослужбата беше отслужена во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, во сослужение на свештеници од епархијата и во присуство на верниот народ.
За време на светата Литургијата Митрополитот Јован се обрати кон верниот народ со пригодна беседа во која ја протолкува денешната Евангелска перикопа за настанот во земјата Гергесинска.
Во беседата беше спомнато дека ние луѓето честопати не сакаме, да ја жртвуваме материјалната придобивка во полза на нашиот ближен. Нашиот духовен однос со Бога најчесто го нарушуваме поради страста кон материјалноте работи, слично како во денешниот пример, кога луѓето и покрај тоа што Христос им ги излекувал нивните ближни сепак, излегле надвор од градот и го замолиле да со оди од кај нив.
Овој пример важи и за нас, бидејќи и ние сме преокупирани со овоземниот материјализам и задоволство и за жал, не сме подготвени да жртвуваме нешто материјално, па макар тоа да биде за спасение на нашите блиски.
По завршувањето на Литургијата, Епископот Марко искажа благодарност за жртвата која ја направи Митрополитот Јован, кој и покрај проблеми со здравјето дојде на оваа заедничко братољубиво сослужување. Исто така, тој изрази надеж дека оваа средба е плод на долгогодишната братска љубов искажана од Митрополитот Јован и оваа заедничка Богослужба претставува почеток на една долгорочна соработка и многу заеднички сослужувања.
Извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=61551990174842