Во втората недела по Педесетница, на 14 јуни 2026 година, кога се празнува споменот на Преподобниот Јустин Ќелиски – празник на параклисот во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и св. Леонтиј Ерусалимски“ во Водоча, Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован во сослужение со Митрополитот Струмички г. Наум и викарниот Епископ г. Јаков отслужи Божествена Литургија во главниот манастирски храм.





























