На 8 март 2026 година, во втората недела од Велигденските пости, посветена на свети Григориј Палама, во храмот „Св. Георги Победоносец“ во Кочани, надлежниот епархиски архијереј, митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф служеше света Василиева Литургија.
На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На Литургијата митрополитот г. Јосиф со благослов на митрополитот Брегалнички г. Иларион се обрати кон верниот народ со вдахновена беседа.






