На 11 јануари 2026 година, на навечерието на празникот на светиот Гаврил Епископ Велички – Светогорец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи празнична Вечерна богослужба во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“, во Лесново, каде што се наоѓаат моштите на овој светител. На богослужбата молитвено беше присутен Високопреосвештениот Митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј.
На Вечерната богослужба, Митрополитот Иларион, го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.
На 12 јануари 2026 година, на самиот ден на празнувањето на светиот Гаврил Светогорец, во Лесновскиот манастир беше отслужена света архијерејска Литургија на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На Литургијата му сослужуваа Митрополитот Георгиј и Митрополит Иларион заедно со свештенослужители од повеќе епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со учество на многуброен верен народ.
На крајот од Божествената Литургија боговдахновена беседа одржа Митрополитот Георгиј, а потоа архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб.
Христос се роди! Навистина се роди!

































