На 22 февруари 2026 година, во Неделата на Простувањето, во храмот на светиот Георгиј Кратовски во Кратово, беше прославен споменот на овој новомаченик. Редовниот датум на празнувањето на свети Георгиј Кратовски е на 24 февруари, но оваа година во официјалниот календар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е запишан два дена порано, затоа што 24 февруари е вторник од првата седмица на Великиот пост, кога според типикот на Православната Црква не се служи света Литургија.
На светата Златоустова Архиерејска Литургија чиноначалствуваше епископот Ваљевски г. Исихиј од Српската Православна Црква, во сослужение на Високопреосвештените Митрополити Кумановско-осоговски г. Григориј и вомировениот Кумановско-осоговски г. Јосиф и свештенослужители од Кумановско-осоговската епархија и Ваљевската епархија.
Многубројниот верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата, со празнична Литија и пеење на тропарот на светиот новомаченик Ѓорѓи Кратовски, архијерејите и свештенослужителите се упатија кон градскиот плоштад во Кратово, каде што беше извршен Мал водосвет и беше прережан славскиот колач.
















Извор: https://koe.mk/novosti/vesti/sveti-georgij-kratovski-2/
