На 1 октомври 2026 година, во просториите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан, и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, одржаа заедничка средба.
На средбата беше разговарано за тековни и идни активности, како и за суштествени прашања од верската и општествената сфера.
„Средбата е дел од континуираната соработка помеѓу КОВЗРГ и МПЦ–ОА, која долгогодишно се негува и ќе продолжи да се развива и во иднина. Директорката Трајковска со задоволство го поздрави Архиепископот по неговото отсуство и истакна дека македонскиот народ е благословен што има духовен пастир како Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Стефан“ – се вели во известувањето од Комисијата.



