Средба на Архиепископот со членовите на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија

На 5 август 2024 година Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан ги прими членовите на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, новокрунисани шампиони на штотуку одржаното Европско кошаркарско првенство – Б дивизија.

На средбата освен кошаркарите и стручниот штаб, предводен од селекторот Горан Андреевски, присуствуваа и претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Македонија г. Перо Антиќ и неговите најблиски соработници.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sredba-so-kosharkarska-reprezentacija-na-makedonija-2024/