На 26 март 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, оствари средба со генералниот секретар на Библиското здружение при Персиско-арабискиот Залив – г. Храјр Џебиџијан.
На средбата присуствуваше и генералниот секретар на Македонското библиско здружение – проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.




