Средба на Архиепископот со Вишиот директор за глобален пристап до Библијата при Американското библиско здружение

На 25 септември 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, оствари средба со г-ѓа Шамалија Снајп, виш директор за глобален пристап до Библијата при Американското библиско здружение.

На истата присуствуваа и јереј Даниел Јовановски, проф. д-р Анета Јовковска, координатор на проекти во Македонското библиско здружение, и Дарио Божиновски, асистент на генералниот секретар на Македонското библиско здружение.

Средбата протече во срдечна и пријатна атмосфера.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sredba-so-biblisko-zdruzenie-2025/