На 20 јуни 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, оствари проштална средба со Н.Е. Невена Јовановиќ, Амбасадорка на Република Србија во Македонија, чијшто мандат завршува. На средбата присуствуваше и новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски – игуменот Георгиј (Ѓорѓевски).




