На 13.12.2024 г. Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари проштална средба со Неговата Екселенција г. Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија во Македонија, чијшто мандат завршува.
На средбата присуствуваа и секретарот на Светиот архијерејски синод, Епископот Хераклејски г. Климент и професорот на Православниот богословски факултет ,,Св. Климент Охридски”, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.





