Средба на Архиепископот Стефан со организаторите на хуманитарен настан за собирање средства за Детската клиника во Скопје

На 18 јуни 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, оствари средба со сопругата на Словачкиот Амбасадор, г-ѓа Жанета Маркуш, г-ѓа Елена Бегова и г. Антонио Пандовски. На средбата, на којашто присуствуваше и отец Георгиј (Ѓорѓевски) ꟷ новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски, гостите побараа и добија благослов од Неговото Блаженство за остварување на еден исклучителен хуманитарен подвиг.

Имено, поткрепен од фондацијата „Ице Бегов“ и од Словачката амбасада во Македонија, г. Пандовски на 2 јули 2025 година ќе започне ултрамаратон од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ до манастирот „Свети Василије Острошки“ во Црна Гора. Целта на овој хуманитарен подвиг е собирање на средства за набавување на современи апарати и опрема за Детската клиника во Скопје.

Заблагодарувајќи им се на организаторите за поддршката на овој исклучително хуман подвиг и давајќи го својот благослов на г. Антонио Пандовски, Архиепископот изрази надеж дека уште бројни организации и личности ќе се вклучат во собирањето на прекупотребните средства за на нашите најмали да им се овозможат најдобри услови за успешно лекување и безгрижно растење.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/humanitaren-podvig-2025/